Antika

.....Античка Македонија

Античка Македонија или Македон било античко кралство на територијата на денешна Македонија и Егејска Македонија. Се граничело со кралството Епир на запад и областа Тракија на исток. Во даден временски период Македонија била најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил скоро цел познат свет во тоа време и со тоа го започнал хеленистичкиот период во македонско-грчката историја

Рана Историја

Античките Македонци живееле во јужната област на тогашна Македонија уште од архаичното време. Првата македонска држава се јавува во 8-миот век или раниот 7-ми век п.н.е под водството на династијата Аргеади, кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има документација е Пердика . Во времето на кралот Александар I Македонската територија почнала да се шири во Еордаја, Ботиаја, Пиерија, Мигдонија и Алмопија. Близу денешниот град Воден, Пердика I (или поверојатно неговиот син Аргеј I) ја соградил првата престолнина Ајга (денешна Вергина).
По краток период на персиска власт под водство на кралот Дариј I, државата ја вратила својата независност под водство на кралот Александар I (495–450 п.н.е п.н.е). Пред 4-тиот век п.н.е кралството покривало територија по големина еднаква на денешната област Македонија во Грција. Во овој период истата станува прилично хеленизирана.
Аминта III (ц. 393–370 п.н.е) за прв пат ја централизирал власта во Македонија, иако контрастот помеѓу сточарскиот рамнишен регион и изолираната задгрбнина бил голем. Овие се врзувале за кралот со семејни врски. Родовските заедници во задгрбнината ги контролирале приодите низ кои поминувале илирските војски во напад на Македонија северно и северозападно. Аминта имал три сина; првите два, Александар II и Пердика III владееле само накратко. Премладиот син на Пердика III бил заменет со третиот син на Аминта, Филип II Македонски кој се прогласил за крал и подоцна ја завладеал и Грција.

Експанзија

За време на кралот Филип II, (359336 п.н.е) Македонија се проширила на територијата на пајонците, тракијците и илирите. Ова ги придодало кон кралството битолската и гевгелиската област (во параметри на денешна Македонија).

Македонија станала политички активна со нејзините односи со јужно-централните грчки полиси, но исто така задржала и некои архаични културни и општествени елементи како централизација на градот околу кралската палата (прво во Ајга, а потоа и во Пела) повеќе слична на микенската култура, отколку на хеленските полиси, како и други архаични обичаи, како повеќето жени на Филип како додаток на постоечкиот брак со епирската кралицата Олимпија, мајка на Александар Македонски.
Друг архаичен елемент била истрајноста на системот на наследна монархија која значела голема, а понекогаш и апсолутна власт, иако понекогаш кралот бил проверуван и модериран од страна на аристократијата. Затоа меѓусемејните борби за власт не биле реткост. Ова представувало голем контраст со грчките полиси јужно каде владеела демократија; де факто -монархијата на тираните, во која наследноста била повеќе амбиција одколку фактички остварлива; и ограничената, највеќе војна и свештеничка моќ на спартанската дијархија. Истото ова важи за феудалните институции како крепосништвото, кое веројатно опстојале во Македонија многу години низ историјата. Ваквите институции биле укинати во грчките полиси во времето на Солон.
Синот на Филип, Александар Македонски (336323 п.н.е) за релативно краток период успеал да ја наметне македонската власт не само врз Грција, туку и врз персиското царство, вклучувајќи го и Египет, блискиот, далекиот исток и Индија. Александар ги прифатил политичките системи на освоените земји и истовремено започнал процес на масовно ширење на хеленската култура во сите краишта. Иако царството се распаднало накратко по неговата смрт, неговите освојувања оставиле траен печат во регионите.
И покрај распадот на царството во помали кралства раководени од генералите на Александар, македонија останала многу атрактивна територија. За кратко време била владеена од страна на Деметер I (294288 п.н.е), но потоа започнала граѓанска војна. Антипатер и неговиот син Касандар ја зазеле власта, но ја изгубиле по смррта на Касандар во 297 п.н.е.
Синот на Деметер Антигон II (277239 п.н.е) успешно го вратил мирот и просперитетот и успешно ја одбранил Македонија од галациската инвазија, но изгубил контрола врз многу грчки полиси. Тој сепак воспоставил стабилна монархија и благодарение на него, новата династија Антигониди. Неговиот наследник Антигон II (239221 п.н.е) ги искористил овие предности и ја проширил власта на Македонија ширум регионот.

Пропаста на царството

Под водство на кралот Филип V (221–179 п.н.е) и неговиот син Персеј (179168 п.н.е) Македонија се соочила со експанзионизмот на римската република. За време на 2-риот век п.н.е и 1-виот век п.н.е Македонија била во неколку војни со Рим. Ова релузтирало во пораз на Македонија, отстранувањето на Антигонидите и распадот на македонското кралство. Андриск успеал накратко да ја врати монархијата во 149 п.н.е но бил поразен следната година и македонија подпаднала под директна римска власт како Римска провинција Македонија.

Институции

Политичката огранизација на македонското краство наликувало на пирамида со три нивоа: на врвот биле кралот и народот, прио основата биле државните служби, а по средината биле покраините. Денес разните институции можат да се проучуваат благодарение на епиграфијата, со која се читаат разните извори како Тит Ливиј и Полибиј. Тие укажуваат на фактот дека македонските институции биле слични на грчките, нешто као Етолската и Ајахската лига, над чие заедништво председавал кралот.

Кралот

Кралот бил глава на централната администрација: тој го водел кралството од престолнината Пела и државната ризница се наоѓала во неговиот дворец. Кралот бил потпомоган од страна на Кралскиот Секретар, чија функција била од голема важност, и од страна на Советот.
Кралот бил врховен водач на војската, глава на македонската религија, управувал со дипломатијата (само тој можел да склучува меѓународни договори) и само тој го имал правото на издавање на пари.
Бројот на државните службеници бил ограничен: кралот управувал на индиректен начин, главно преку локалните управители, епистатите со кои одржувал редовни контакти.

Наследување

Наследништвото на тронот во Македонија завземало облик на најстари машки наследници. Исто така постоел и изборен елемент: кога кралот умирал, назначениот престолонаследник, генерално, но не секогаш неговиот насјтар син, морал најпрвин да биде прифатен од страна на Советот и потоа представен пред генералното Собрание за да биде прогласен за крал и да се заколне на верност.
Но во практиката во многу случаи кралевите умирале предвремено во борбите за власт пред да успеат да назначат наследници. Ова е случај со Пердика III кој бил убиен од илирите, Филип II Македонски, кој бил убиен од атентаторот Павзаниј, Александар Македонски кој ненадејно умрел во болест и тн. Ваквите кризи за наследноста биле чести до 4-тиот век п.н.е, кога магнатите од Горна Македонија сеуште култивирале амбиции за елиминација на Аргеадите и превземање на тронот.